Почина братот на Слободан Милошевиќ


Борислав Милошевиќ, брат на поранешниот претседател на Србија, Слободан Милошевиќ, починал во клиничка болница на Дедиње, пишуваат српските медиуми.

g_borislav-milosevikМилошевиќ пред неколку месеци во критична состојба од Црна Гора бил префрлен во Белград на Институтот за кардиоваскуларни болести “Дедиње“. Тој бил хоспитализиран поради проблеми со срцето.

Борислав беше српски и југословенски дипломат. Неговата дипломатска кариера почнала во 1970-те во Москва, поради тоа што до соврешенство го владеел рускиот јазик.

Тој често бил во придружба на поранешниот југословенски лидер Јосип Броз Тито на меѓународни состаноци и како непосреден преведувач на средби со советското раководство. Подоцна, тој бил амбасадор на Југославија во Алжир, а потоа и амбасадор во Русија.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1