На Шапка ако немате ски карта ЌОТЕК е казна – обезбедувањето тепа


Ski-Lift-Snow-Melting

Тетовчанец бил претепан – сакал да се качи на ски лифт на Попова Шапка со картата на сестра му. Двајца вработени во агенција за обезбедување, нападнале тетовчанец кој се обидел да се качи на ски-лифт со пропусницата на неговата сестра, објавува Вест.

Вчера околу 13 часот, 25 годишниот тетовчанец А.А. се обидел да се качи на ски-лифт со билетот на сестра му. Лицата кои работеле на ски-лифтот не му дозволиле да се качи, па тој тргнал кон хотелот “Тетекс”.

Ski Lift AccidentСпоред тетовчанецот, кон него тргнале двајца обезбедувачи Ј.И. (30) и Љ.Р. (25) кои вербално а потоа и физички го нападнале. Откако си размениле неколку тупаници, обезбедувачите успеале да го соборат А.А. на снегот и здраво да го натепаат.

Тројцата наводни учесници во тепачката биле повикани во Полициското одделение Попова Шапка.

Ова е втор случај – претходно момче беше претепано бидејќи ски картата му била во ранецот а не закачена на вратот – обезбедувањето мислело дека нема карта и го претепало момчето.

По овој втор случај сега излегува дека казна за немање на ски карта е ќотек. Обезбедувањето може да отстрани лице без карта, да повика полиција, да го казни евентуално, но дали смее да тепа како ќе им дојде па дури и во самоодбрана? па нели се обезбедување зар не знаат некого да го совладаат без да го претепаат? 

Еве што тогаш изјави натепаниот Александар Зарапчиев од Скопје. Кој подоцна пак како што објавија медиумите добил тој пријава од полиција за нарушување на јавен ред и мир. 

21.01.zarapciev1,, без повод и причина бев физички нападнат од директорот на Попова Шапка и обезбедувањето на овој скијачки центар.  Обезбедувањето ми побара карта за ски лифтот „Јелак“, но не можев веднаш да ја покажам затоа што билетот ми беше во ранец.,,

Револтиран поради ова директорот на Попова Шапка кој случајно се нашол на лице место, му рекол на Зарапчиев дека картата секогаш скијачот мора да ја има при рака, а во меѓувреме му забранил да се скија на патеката Јелак.

,,Се упатив кон викенд населбата и забележав дека двајца од обезбедувањето на скијачкиот центар тргнаа кон мене физички да ме нападнат. Веднаш побарава помош од полициската станица Попова Шапка, каде имаше едно службено лице, кое не успаеа да ме одбрани од нападите на обезбедувањето,, вели Зарапчиев.

СВР Тетово соопшти дека ќе бидат поднесени соодветни поднесоци против Алаксандар Зарапчиев, кој според полицијата, го нарушил јавниот ред и мир, а со пријава ќе се соочи и едно лице од обезбедувањето

Видео – МКД.МК

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1