Измислија алатка за декодирање на јазикот на бебињата


Неколку психолози од Велика Британија, создадоа алатка која може да го декодира јазикот кај доенчињата. За ваквиот инструмент на психолозите им биле потребни, а истите им биле донација од страна на владата, 358,000 фунти.

baby talkСо оваа алатка, сега за прв пат, научниците ќе имаат можност да воспостават комуникација со децата постари од осум месеци, а помлади од 18, период за кој се смета дека детето веќе ќе може да ги научи основите во комуникацијата.

Досега британските истражувачи беа принудени да користат покомплицирани методи на тестирања на детскиот јазик, или на методи дизајнирани од страна на Американските англиски говорачи, кои можеа да доведат англиските бебиња да бидат погрешно разбрани при доцнењето на развојот на јазикот.
Се очекува проектот да има придонес во развојот на јазикот како и за ефективноста на говорот.

Baby-Talk-Poster-C10325447

Истражувачите сакаат во проектот да ги вклучат и родителите со деца помлади од 18 месеци, како и да вклучат семејства од Шкотска и Северна Ирска и од родители кои го напуштиле школото уште во раниот период.

Истражувачкиот тим го предводи доктор Кејти Алкок од Ланкастер Универзитетот за истражување во човечкиот развој и учење.

Ваквата алатка ќе има клучно значење, за тоа што ќе овозможи уште во раниот период од детството, родителите да имаат можност да го разберат нивното дете и поадекватно да се погрижат за неговите потреби.
„Родителите најдобро можат да разберат што посакува нивното дете, без разлика дали ќе користат ваква направа или не. Досегашните алатки кои биле произведени во други земји, како на пример Америка, не се покажале баш најсоодветни и во добар дел од случаите ги доведувале истражувачите до погрешни заклучоци“, вели Алкок.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1