Адвокат на ѓаволот – ја платил свадбата на Цеца, ги бранел Милошевиќ, Садам…


За некои измамник, за други успешен бизнисмен. Џовани ди Стефано, во 90-те бил познат во српскиот јавен живот. Тој вели дека ја платил свадбата на српското венчавање на столетието, како што многумина ја нарекуваат венчавката на Жељко Разнатовиќ Аркан и Светлана Величковиќ Цеца во 1995 година.


0359007.74Пријателството со Аркан не го крие. Тие биле деловни партнери, а прогласен е и за почесен генерал на Тигрите на Аркан. Тој бил пријател и со Слободан Милошевиќ кој правно го советувал. На светската сцена, Џовани ди Стефано бил забележан во 2006 година, кога бил во тимот на одбраната на Садам Хусеин. Со диктаторот како што вели, соработувал на деловен план. За време на една посета во Багдад, го запознал и Осама бил Ладен. За тоа не постојат никави информации.

Со оглед на спектарот на луѓе во кој тој се движел, пописот на клиенти на овој Британец со италијанско потекло не изненадува. Го застапувал панамскиот диктатор Мануел Нориега, педофилот Гери Сјајот и серискиот убиец Харолд Шипман. Поради него и го заработил прекарот „адвокат на ѓаволот“.

0353007.73Во Лондон, Џовани ди Стефано бил обвинет за измама. Тој е обвинет за лажно претставување, затоа што наводно воопшто не поседувал диплома за адвокат. Обвинет е и за противзаконско присвојување на имот на своите помалку познати клиенти. Адвокатот на ѓаволот тврди дека е невин.

Во последните неколку години, британските судови, постојао го повикувале да ја докаже својата способност, но милионерот се оглушувал на повиците.

Share Button
Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1