За спас од дискотеката молела преку Фејсбук – една од загинатите 243 млади (Фото)


brazil-disko-molba-facebook-02

50 минути после избивањето на пожарот во дискотеката „Кис“ во Санта Марија, Микеле Кардозо пратила порака на Фејсбук – напишала –
„Оган во ’Кис’. Помош!“
Но очајниот повик за спас никој не го сфатил сериозно.

Таа е една од 234 млади животи кои згаснаа во дискотеката.

brazil-disko-molba-facebook-01

„Кога прв пат го видов нејзиниот повик за помош во ситните часови, мислев дека се шегува. Така беше се’ додека не се разбудив и од мајка ми дознав што всушност се случило“ – стои во еден од коментарите на Фејсбук профилот на Микеле.

Микеле Кардозо (20) била во друштво на својата сестра Кларисе, и момчето Жоао Пауло во дискотеката.

Преживеаните очевидци потврдиле дека голем дел од починатите изгореле во тоалетот на клубот, бидејќи знакот за излез во случај на опасност погрешно упатувал кон таа просторија.

Од 106 повредени 80 се наоѓаат во критична состојба.

До избивање на пожарот дошло бидејќи член на бендот кој настапувал во дискотеката запалил некаков вид на факел, по што се запалил плафонот, а огнот почнал да се шири забрзано.

Во Бразил е прогласена тридневна жалост, додека жителите на овој студентски град ќе тагуваат 30 дена.

Извор – Точка

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1