ФАО предупредува на опасност од нова глобална закана од птичји грип. Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО) денеска предупреди дека на светот му се закануваат почести епидемии на птичји грип, доколку земјите не го зајакнат надѕорот над оваа опасна болест кај животните, кои претставуваат закана и за човекот.
– Постојаниот пад на меѓународната економија е причина за помалку средства на располагање за превенција на ширењето на вирусот H5N1, како и други закани по здравјето, кои доаѓаат од животните, истакнува во своето соопштение Хуан Луброт, шеф на ветеринарската служба на ФАО.
ФАО истакнува дека големи жаришта на вирусот H5N1 е уште постојат во некои региони на Азија и Блискиот Исток, каде птичјиот грип прерасна во ендемска болест.
– Без соодветен надзор, вирусот лесно може да се рашири низ светот, како што се случи во 2006 година, кога зафати 63 земји, истакнува ФАО.
Меѓу 2003 и 2011 година вирусот H5N1 усмрти над 300 луѓе во целиот свет и беше причина за уништување на 400 милиони домашни животни, предизвикувајќи штети кои се проценуваат на 20 милијарди долари.
ФАО како превентивни мерки против болести на домашните животни препорачува зголемување на општата хигиена, контрола на пазарите на стока и границите, како и здравствена инспекција на фармите и набавка на опрема и обука на лица за ветеринарски лаборатории.
mia