Нема веќе бланко откази – клуч на врата ако има непријавени работници – новини во законот


Coins and lock

Клуч на врата за непријавените работници. Високи казни ако газдите даваат бланко откази. – сето ова е предвидено во новите измени на законот.

Министерот Спиро Ристовски вели ако се затекнат на работа до две непријавени лица газдата ќе мора да плати по 1000 евра казна за секој и да ги вработи во рок од 8 дена.

Фирмите што ќе добијат забрана за работа поради непријавен работник, не смее да отпушти ниту еден од вработените и ќе има обврска да им исплаќа 70 проценти од последната плата.

job-layoff-otkazДоколку се најдат три или повеќе непријавени работници мандатни казни нема да има, туку објектот веднаш ќе биде затворен изјави министерот за труд и социјална политика, изјави Ристовски.

Бланко отказите веќе нема да постојат. Нема да има можност да се допишува само датумот туку  работодавачот и работникот ќе имаат обврска комплетно своерачно да го напишат името, презимето, датумот и местото на престанок на работниот однос.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1