Дел од Карпош и Аеродром без струја


struja-majstorДенеска на ден 31.01. (четврток ) без електрична енергија ќе останат дел од корисниците во општина Карпош и Аеродром. Во периодот од 10.30 до 14 часот, струја ќе немаат корисниците на ул. Букурешка, ул. Дамаска и ул. Прашка во општина Карпош.

Во периодот од 08.30 до 10 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците на булеварот Јане Сандански згради бр. 76; 84; 86; 90, како и киосците пред зградата бр. 84 во општина Аеродром. Од 10 до 13 часот пак, без струја ќе останат населените места с. Мирковци, с. Малино Маало, с. Брест, с. Бродец, дел од с. Побожје, с. Танушевци во општина Чучер-Сандево.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1