Негри Мусолини вели дека е горда на својот дедо затоа што направил „многу добри работи“ како што е чистење на мочуришта со маларични комарци во близина на Рим. Таа додава дека антиеврејските закони, диктатурата и насилствата на нејзиниот дедо се „монструозни грешки“.
Внуката на Бенито Мусолини се кандидираше за пратеник во италијанскиот парламент и го брани поранешниот фашистички лидер за одделни негови постапки
Еда Негри Мусолини за Кориере дела Сера изјави дека ќе биде кандидат на листата чиј носител е пратеникот Џанфранко Фини, поранешен неофашистички сојузник на Берлускони кој сега е умерен и го поддржува марио Монти на изборите во февруари.
Втората ќерка на Мусолини, Алесандра Мусолини веќе е пратеник во парламентот.