На нивна пот прават милиони и ТВ и ММИ – а стапот пак по музичарите


Додека телевизиите и ММИ, која сака да наплаќа за музиката која ја емитуваат медиумите, се караат кој колку да плаќа, а кој да зема – трпат само музичарите. Ќе им текне ли да дигнат глас конечно и никој во нивно име да не се раскусурува со нивната работа и талент??

nomusik55Телевизиите велат не му плаќаме на ММИ ако треба нема да пуштаме македонска музика. ММИ враќа – Кој не сака да плаќа, не мора да емитува музика.
Ги прашува ли некој пејачите, свирачите, или пак публиката и гледачите додека тие се препукуваат??

Телевизиите пак освен што нема да емитуваат македонска музика, која оди само на штета на музичарите и на никој друг, сега најново е им токмат ценовник за музичарите.

Националните „Сител“,„Алсат М“, „Kанал 5“, „Сител 3“, „Kанал 5 плус“ и уште 33 регионални и локални телевизии од 1 до 15 февруари секоја вечер во 20.13 часот ќе ја прекинуваат програмата како протест против сегашната наплата за емитуваната домашна музика.

Тие вчера, на заедничка прес-конференција, побараа Министерството за култура да  ја одземе лиценцата на Македонската музичка индустрија (ММИ) и итно да почнат измени на Законот за авторските и сродни права, особено во начинот на наплатата за нив.

Ако тоа не се случи до 15 февруари, како контрамерка ТВ-куќите ќе истакнат ценовник за музиката што ја промовираат емитувајќи ја на екраните.

А СМЕТКАТА ЌЕ ЈА ПЛАЌААТ СЕ РАЗБИРА МУЗИЧАРИТЕ КОИ ЌЕ САКААТ ПУБЛИКАТА ПРЕКУ ОВИЕ МЕДИУМИ ДА ЈА ЧУЕ НИВНАТА МУЗИКА. Ако не платат нема каде да ги чујат.

И по чив грб удира стапот на крај?? Повторно по оние кои се мачат, творат песни, музика додека некои си здруженија и телевизии на нивната пот печалат милиони!!!!!!!!

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1