Осмиот патник навистина постоел (Фото)


Во Швајцарија е претставен фосил на два вида на безрбетници кои биле инспирација на Ридли Скот, творецот на фантастичниот хорор „Осмиот патник“, за ликот на вонземјанското чудовиште. 

Fosil 2Пред околу 300 милиони години, на Земјата живеело суштество кое не се разликувало премногу од вонземјанското чудовиште од научнофантастичниот хорор „Осмиот патник“.
Иако повеќето не веруваат во вонземјани, само еден поглед на необичен фосил би можел да ве натера, бар за момент да се запрашате:

„Што доколку сето ова е вистина?!“
Швајцарскиот уметник Ханс Рудолф Гигер, на молбата на американскиот режисер Ридли Ској, смислил и креирал страшно суштество кое во хитот во 1979 година излегува од човековата утроба.

Идејата потекнала од многу старите остатоци од безрбетниците за кои во последните дена на големо се зборува.
Екстремно редкиот фосил е претставен во Швајцарија, а вниманието кое што го привлече било до тој степен големо, што на него око му фрлил дури и еден крадец.
Fosil 4Полицијата верува дека крадецот кој провалил во сефот во музејот Атал е всушност страствен колекционер на фосили.

Минатата недела, полицијата, за да го пронајде вредниот примерок, морала да ја објави неговата фотографија. Уследи неверојатен расплет на случувањата –фосилот е вратен во музејот и тоа на тој начин што е оставен во поштенско сандаче на оваа институција.

Од музејот изјавија дека предметот е неоштетен освен што еден од краковите е скршен.
„Тоа е навистина е неверојатен фосил од два вида на безрбетници кои живееле на дното на морето пред 300 милиони години“, истакнаа одговорните лица во музејот.

fosil 3

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1