Шест месеци в затвор, пресуди пред малку скопскиот Кривичен суд за Никола Ѓорѓиев познат како Командант Коки, кој во судницата денеска беше поради напад на полицаец. Останува во притвор до правосилноста на пресудата бидејќи има ризик да го повтори делото, вели судот.
Според обвинението, ноќта на 23 декември 2012, Ѓорѓиев возел брзо по улицата Иво Лола Рибар, што и било причина по него со вклучени ротациони светла да се дадат во потера полициските „Алфи“ кои дежурале на тој реон.
Тие повикале и засилување. Кога стасале до слепа уличка, Командант Коки одбил да соработува, а потоа повлекол еден од полицајците за вратот и му удрил бокс, по што полицаецот паднал на земја во бесознание.