Маскиран и вооружен разбојник вчера влегол во обложувалницата “Бет Сити Балкан” и ја олеснил касата за 130.000 денари.
Разбојникот влегол во обложувалницата во трговскиот центар Лептокарија во Скопје, му се заканил со пиштол на вработениот скопјанец С.Н., ја испразнил касата и избегал.
Крадецот земал 130.000 денари. Полицијата превзема мерки за пронаоѓање на сторителот.
Izvor – Press24