Со куршум во чело во Истанбул убиена американска туристка – уапсени 11 лица


Турската полиција уапси 11 лица во врска со убиството на Американката, која пред речиси две недели исчезна во Истанбул, соопшти полицијата.

03022013205644_00e0d768-7d1c-4cd3-bcba-929504dc6218 (1)Телото на 33-годишната Сарај Сиера, американска државјанка која се наоѓала во посета на Истанбул, е пронајдено во историскиот кварт Фатих.

Полицијата меѓутоа, не ја исклучува можноста дека телото е преместено од некоја друга локација.

Американска туристка чие тело е пронајдено во стариот дел на турската метропола Истанбул била убиена со куршум во главата.

– Потврдено е дека починала од повреди на главата, рече денеска шефот на истанбулската полиција Хусеин Чапкин, додавајќи дека повеќе детали ќе бидат изнесени по завршување на истрагата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1