,,Опрости, извини,, – новинарите со бланко извинување до Груевски и Вељаноски (Видео)


Подготвени се бланко извинувања за политичарите. Новинарите денеска со колективно извинување до претседателот на Собранието Трајко Вељаноски и до премиерот Никола Груевски, со тоа на ироничен начин сакајќи да укаже на задушувањето на слободата на медиуми во Македонија.

moli za proska - izvini„Согласно законските одредби му се извинуваме на претседателот на Собранието Трајко Велјаноски затоа што не ги манипулирал резултатите од анкетата за наводните инциденти на 24 декември и истите ги повлекуваме – и инцидентите и резултатите; затоа што доволно не истраживме кој му ја скршил веце шолјата на Дадар; затоа што не го послушавме обезбедувањето на собранието убаво не замоли да ја напуштиме ложата; затоа што во собранието нема маникир за ноктите на пратениците“, рече Чаусидис.

На премиерот му се извинија за секое ненарачано и нетематско прашање на тематска прес-конференција, бидејќи доаѓале на време на прес-конференции и затоа што Македонија падна на најниско ниво според медиумските слободи.

izvinuvanje novinari

Извинувањата можат да се испратат и на мејл адресата на синдикатот [email protected], а тие подоцна ќе биле проследени до посочените адреси.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1