Зголемен бројот на мажите во Македонија жртви на семејно насилство


Зголемен бројот на пријави од жртви на семејно насилство, но во случајов станува збор за мажи. Дури 62 мажи пријавиле дека биле малтретирани од своите сопруги.

Годинава во Македонија се регистрирани 415 случаи на семејно насилство. Во најголем процент станува збор за жертви на физичко насилство, во помал број на психичко, а многу мал процент на психичко и сексуално насилство.

Со оглед на тоа што во текот на целата мината година имало 730 случаи, забележителен е порастот на пријавување. Зголемувањето на бројот на регистрирани случаи, според министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски, се должи на зајакнувањето на свеста кај жртвите на семејно насилство и охрабреноста да го пријават истото во институциите.

„Од вкупниот број случаи, само 20 се засолнети во регионалните шелтер центри каде им се дава неопходната помош. Од нив, 15 жртви се во центарот во Скопје, четири во Кочани и еден во Свети Николе“, рече Ристовски.

Во Македонија има само четири шелтер центри во кои жртвите на семејно насилство можат да бидат сместени три месеци, со можност за продолжување за уште три месеци, период во кој се преземат мерки за подобра интеграција на жртвите во општеството.

 

Tags: , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1