Почина Љубе Цветановски


По кратко боледување денеска почина Љубе Цветановски, професор на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА, долгогодишен уредник и директор во Македонската телевизија

04022013152856_ljube cvetanovskiЦветановски е роден во Слоештица во 1949 година. Дипломирал на Филолошкиот факултет, а магистрирал на Институтот за литература при УКИМ, на тема „Народната култура во документарниот филм”.

Бил уредник на рубриката за култура на „Студентски збор“, новинар во Македонското радио, како и долгогодишен уредник, а во еден мандат и директор на Македонската телевизија. Во последните четири години беше професор по Документарен филм на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА.

Беше член на Друштвото на писатели на Македонија и на Сојузот на новинари на Македонија. Автор е на книгите поезија „Време е да се биде дома”, „Наталожен сомнеж” и „Престапна година”, а коавтор е на антологијата на млади македонски поети под наслов „Љубов и мајстори”.

Заедно со својот брат Јордан Плевнеш, коавтор е на сценариото за играниот филм „Тајната кннига”, во режија на неодамна починатиот брат Владо Цветановски.

Во неговата богата телевизиска кариера реализирал педесетина патеписи, од исто толку егзотични земји под наслов „Патуваме – сонуваме”, потписник е на многу сценарија за документарни и музичко-документарни емисии, а се јавува и како автор на десетина играно-документарни филма. За документарниот филм „Мојот татко Изет”, ја освои наградата Гранд при на Југословенскиот телевизиски фестивал во Неум. Во 2012 ја објави книгата „Детето во мене”, во која се сублимирани неговото творештво и неговата животна одисеја.

Комеморацијата по повод смртта на Љубе Цветановски ќе се одржи утре во 11 часот во Кинотеката на Македонија. Погребот ќе се одржи утре на Градските гробишта Бутел во 14 часот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1