ВМРО ДПМНЕ: На некои новинари подрага им е политиката, нека си формираат партија


Во реакцијата, ВМРО-ДПМНЕ наведува дека ги поздравува „оние на кои политиката им е очигледно подрага отколку новинарската професија и им порачуваме да соберат потписи со кои ќе формираат политичка партија со која ќе настапат на избори, за да си го видат својот личен углед и авторитет помеѓу народот“.vmro-sedisteОва стои во реакцијата од владејачката партија на денешниот потег на синдикатот на новинарите кои иронично им доставија бланко извинување на Вељаноски и Груевски. За ВМРО-ДПМНЕ, денешниот настап на раководството и на дел од синдикатот на новинарите „повеќе наликувал на политичка партија отколку на синдикат“.

Од владејачката партија порачаа дека ќе продолжат да работат за воведување демократски и цивилизациски стандарди во секој сегмент на македонското општество: „Ќе продолжиме низ дијалог со релевантни субјекти да ги решаваме проблемите, и на луѓето кои работат како новинари, и на сите останати категории како, земјоделците, бизнисмените, пензионерите, младите и сите останати.  Се надеваме дека секогаш во тој дијалог од другата страна имаме и ќе имаме луѓе на кои приоритет им се интересите на граѓаните, а не интересите на поедини политички партии и одделни политичари“.

Извор – VOA news

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1