Видео: Мајка која била глува за прв пат го слушна гласот на синот


43 годишната Дон Кеим од Тексас, која останала глува пред 15 години, после успешната операција, за прв пат го слушнала гласот на нејзиниот осумгодишен син.

majkaДон, која е мајка на три деца, изгубила надеж дека некогаш повторно ќе ги слушне гласовите на нејзините најстари синови, а кога го родила најмладиот Ашер, била очајна бидејќи никогаш не го слушнала неговиот глас.

Но, сè се променило во ноември минатата година, кога во рамките на ток-шоу емисијата „Доктори“ ѝ се овозможила шанса да се оперира и да ѝ се врати слухот, кој поради наследно пореметување го изгубила пред околу 15 години.

На Институтот за истражување на слухот „Хаус“ во Лос Анџелес, добила таканаречен кохлеарен имплант, електронска направа која се вградува во увото за на глувите да им овозможи да слушаат. Квалитетот на звукот не е ист како кај природниот слух, но пациентите сепак може да слушаат и да го разбираат говорот и звуците од средината, како што е музиката.

„Во мислите го слушам гласот на мојот син, но знам дека всушност не можат да го слушнам. Можеби се плашам дека она што ќе го слушнам нема да биде исто како неговиот глас кој досега сум го замислувала во мојата глава“, рекла Дон пред операцијата.

Во епизодата на емисијата „Доктори“, прикажан е моментот кога Дон за прв пат го слуша гласот на нејзиниот најмлад син.

„Еј мама, ме слушаш?“, ја запрашал Ашер додека стоел позади неа, смешкајќи се. „Да“, одговорила пресреќната Дон, со солзи во очите.

„Ова е прекрасно и многу подобро отколку што очекував. Се плашев од она што ќе го слушнам и како сето тоа ќе звучи. Сè уште сум возбудена“, изјавила таа.

Факултети.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1