Замислете си повеќе да не стравувате од тоа дали ќе ви биде потребна трансплатација на бубрег и да чекате соодветен донатор.
Научници од Хериот Ват универзитетот во Шкотска, се на добар пат, преку матичните клетки и напредната технологија, да создадат 3D печатен орган.
Печатачот создава 3D „spheroids“, користејќи деликатни ембрионски клетки.
Доктор Вил Шу е дел од истражувачкиот тим кој работи на проектот.
На подолг рок, е предвидена технологија која понатаму се развива со цел да се создаде одржлив 3D орган за медицинска имплантација, од сопствените клетки на пациентот, со што би се елиминирала потребата за донирање, имуносупресија и отфралање на проблемот со трансплатација“, изјавил Шу.
Тој дополнил дека ова е прв пат во историјата на науката да бидат печатени 3D органи од човечки ембрионски матични клетки.
Резултатите од ваквото истражување се објавени во „Biofabrication“ под наслов “Development of a valve-based cell printer for the formation of human embryonic stem cell spheroid aggregates.”