Кина ги отстранува мобилните антени од школите – поради ризик од рак


Универзитетот за наука и технологија во Хонг Конг, преземено чекори за олеснување на стравувањата кај тамошните академици и студенти кои ги имаат за добивање на рак, кој што може да се добие од електромагнетните бранови кои ги испраќаат големиот број на антени сместени на зградите.
Допис бил испратен до сите вработени и студенти во неделата наутро, во кои било образложено дека мобилните телефонски компании платиле до универзитетот да се тргнат 87 антени на покривите на станбените и студентските блокови.

KINA ANTENI
Наставниците кои живеат во кампусот изјавиле дека забележале неколку работници како ги отстрануваат дел од антените кои што емитувале висока електромагнетна радијација.
Некои во академската заедница, кои живеат со мали деца, се плашат од генерација на електромагнетна радијација на антените, со што би се зголемил ризикот од рак.
Во дописот е наведено дека изложувањето на радијација е на исклучително ниско ниво и истите се премногу високо наместени, како и тоа дека бетонските ѕидови претставуваат дополнителна заштита.
Сепак дел од луѓето во кампусот прашаа јавно, зошто доколку овие антени се безбедни, истите се отстрануваат од покривите.
„Ние сме изложени на електромагнетна радијација преку денот и ноќта. Нема разлика, дали се наоѓаме во нашите домови, канцеларии, училници, или студентски сали“, изјавиле загрижените граѓани.
Академиците исто така побарале од Универзитетот колаква сума на пари мобилната телефонска компанија плаќаат за сервисот.
Портпаролката на универзитетот одби да даде бројка, но изјави дека сите пари одат во универзитетскиот фонд. Таа додаде дека рутинското одржување на каблите и антените, доколку истите биле оштетени, можат и треба да бидат сервисирани, отстранети и заменети.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1