Oвчарот Хамди Улукаја од источна Турција го оствари својот „американски сон“, благодарејќи на јогурт!
Имено, тој се преселил во САД каде не му се допаѓал тамошниот јогурт, па почнал сам да го произведува. За помалку од шест години тој станал милјардер.
Улукаја е роден во семејство која имала фарма. Студирал политички науки во Анкара, а во 1994 година дошол во САД за да учи англиски јазик.
Она што веднаш не му се допаднало бил лошиот квалитет на јогуртот кој го пијат американците.
Затоа тој почнал сам да произведува млечни производи кои подоцна ги продавал на малите продавници.
Имал среќа што во 2005-та година „Craft Foods“ ја затвориле својата фабрика за јогурт, па тој ја откупил за ефтини пари, по што од Турција го донел Мустафа Доган, познат мајстор за јогурт.
Фабриката ја нарекол „Chobani Hamdi“, а јогуртот кој го етикетирал како грчки почнал да се продава по големите супермаркети во 2007-ма година.
Четири години подоцна, неговиот јогурт е најпродаван во Америка и се продава во 1.2 милиони примероци неделно, а Улукаја вреди 1.1 милјарда долари.