Коњско наместо говедско се продавало и во супермаркети на Lidl во Грција


Романското коњско месо стигнало и до продажната мрежа во Грција, тврдат грчките медиуми.

horse meatКако што пренесува МИА, грчката агенција за контрола на квалитетот на храната открила примероци на коњско месо во два производи на француската компанија „Комижел“, кои се продавале во супермаркетите на „Карфур“ во Грција.

Според медиумите ова месо потекнувало од Романија, од каде го купила холандска фирма, која пак го продала на кипарска компанија од која се снабдувал францускиот производител. Двата типа тестенини на „Комижел“ се продаваат во 16 земји од ЕУ.

Грчките експерти за храна посчуваат дека не можат да кажат дали ова месо е опасно по здравјето на луѓето, бидејќи нема сознанија дали тоа ги минало потребните ветеринарни проверки.

ВО МАКЕДОНИЈА НЕМА ПРОИЗВОДИ СО КОЊСКО МЕСО – ВЕЛИ ИНСПЕКЦИЈАТА
ИСПОВЕД НА ЖЕНАТА КОЈА ЈА ПРОБУВАЛА ХРАНАТА ЗА ОТРОВИ ПРЕД ХИТЛЕР ДА ЈАДЕ (ВИДЕО)
ПРЕДВИДУВАЊА: ДОАЃА ПОСЛЕДНИОТ ПАПА – ЦРНЕЦ, ПРЕД СУДНИОТ ДЕН (ВИДЕО)
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1