Македонец спаси девојка од сигурна смрт во Србија


Кога 32-годишниот Владица Нивковиќ и 23-годишната Јелена Ружиќ се враќале од свадба на блиски пријатели, доживеале ужасна сообраќајна несреќа во која животот го изгубил Ненад.

vladica-novkovic-saobracajna-nesreca-aleksinac-Не се сеќавам на моментите пред сообраќајката, само помнам како се освестив и слушав плач и викотници. Некако успеав да излезам од рушевините на колата и да излезам на патот. Застана една кола во која беше еден човек од Македонија и веднаш ме однесе во болница. Ми го спаси животот, вели потресената Јелена.

Нејзината мајка Снежана вели дека му е бескрајно благодарна на човекот којшто и го спасил животот на Јелена.

-Само знам дека се вика Боро и дека е од Македонија. Тој ја спаси ќерка ми. Се би дала да го видам пак и да му се заблагодарам што и помогна на ќерка ми, вели Снежана.

Двајцата патници кои биле во возилото со Владица и Јелена се во болница во Ниш и закрепнуваат од здобиените повреди.

Извор – Курир

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1