Екипата на сајтот „Од“ ги проучувала досиејата на папите низ историјата, а овие десет се нашле на самиот врв.
Стефан VI
Неговата „кариера“ траела кратко, но за тоа време успеал да се наметне како еден од најлудите.
Тој пред црковниот суд го извел својот претходник, Формозиј, но постои еден „мал“ детал кој вреди да се спомене-неговиот претходник бил мртов веќе осум месеци.
Тоа не го спречило Стјепан VI да го извлече Формозиј од гробницата, да го однесе во папскиот одбор и да го подготви за „зомби судење“. Со оглед на тоа дека мртовецот не можел да одговори на прашањата на судот, тој е прогласен за виновен, а неговите останки откако биле влечени по улиците низ Рим, се фрлени во Тибер.
Папството на Сергије III станало „популарно“ благодарејќи на уште едно судење на Формозиј, почеток на „порнократијата“ (владина блудница), но и со обвинението дека го убил својот претходник и имал љубовна афера со мажената Марозија, ќерка на Теодор, која е опишана како бесрамна, со која добил син, кој исто така станал папа.
Неговиот понификат е опишан како „очаен и срамен“, а кога ќе го погледнете неговото досие, тој наш опис посебно не изненадува.
Бенедикт IX бил папа од 1032-1044, потоа во 1045 година, а се одлучил и за трет пат, па бил папа и во 1047 година. Го сметаат за еден од најконтроверзните папи во историјата бидејќи своето папство практично го продал во 1044 година. Се вратил на функцијата во 1045, а еден месец подоцна повторно ја напуштил „функцијата“ (некои претпоставуваат дека во тој период се оженил), така што повторно го продал своето папство и тоа на својот кум за 650 килограми злато.
Тој бил склон и на хомосексуални средби и излети.
Го нарекувале развратник и убиец, а не му било непознато ниту силувањето, инцестот и „дружењето“ со мажите.
Но, тука не е крај. Тој ослепел свој исповедник, кастрирал кардинал, Латеранската палата ја претворил во јавна куќа, крадел подароци…
Иако не го бие глас дека е „лошо момче“, како многумина од оваа листа, Лав X или Џовани ди Лоренцо Медичи е прогласен за папа во 1513 година, а токму тој е човекот кој ја вовел револуционерната идеја за купување на признанија за простување на гревовите.
И додека неговите претходници правеле зло, Лав им ги простувал, а на својот брат наводно му рекол: „Бидејќи Бог ни го даде ова папство, да уживаме во него“. Но, да не дојде до забуна, неговите неистомисленици знаеле да завршат мистериозно отруени со храна.
Александар VI е еден од најконтроверзните папи на ренесансата. Презимето Боргиа станало синоним за се негативно што се поврзувало за папството.
Имал најмалку четири деца, некои и со својата ќерка Лукреција. Масовните убиства на неистомислениците исто така не му биле непознати.
По смртта, неговото тело кратко престојувало во Базиликата Св.Петар, по што експресно е префрлено во друга црква.
Најмрачниот период на Католицизмот е заслуга на Иносент, кој го одобрил мачењето.
Ја применувал филозофијата „целта ги оправдува средствата“, а инструментите и методите кои биле користени за време на мачењето, во најмала рака биле пореметени.
Урбан VI бил папа од 1378 до 1389 година, а го биело глас дека е човек склон на изливи на бес. Кардиналите кои го избрале набрзо сватиле дека сториле голема грешка и одбрале друг папа, но тоа не му пречело на Урбан, кој го променил името и основал друг папски суд во Франција.
Тој не можел да премине преку „предавството“ на кардиналите, па ги затворал и брутално ги измачувал, а на мачителите им се жалел кога криците на мачените не биле доволно гласни. Многу историчари тврдат дека човекот бил најобичен лудак.
Бонифацие е „вистински примерок“, кој не заобиколувал кога станува збор за организирањето на масакрот во Палестрина, кој во 1927 однел над шест илјади жртви. А кога не е организиран масовен колеж, практикувал групен секс.
Секако и педофилијата не била прескокната.
Иако токму тој е заслужен за Швајцарската гарда, забраната за купување црквени положби и ангажманот на Микеланџело во Сикстинската капела , тој бил и прв папа на кого му е откриен сифилис.
Имено, Јулије ги сакал проститутките, а една од нив му пренела и сифилис, кој на крајот толку го уништил што на Велики петок во 1508-та година поради бројните рани не можел да ги открие нозете пред верниците, за тие, според традицијата, да можат да му ги бакнат.
Меѓутоа, Јулије е оставен за крај како најблаг меѓу војската педофили, садисти и масовни убијци.
Извор: Индекс.хр