СДСМ не оди на локалните избори – потврди Централниот одбор


 sdsm-328x320Опозициската СДСМ останува на одлуката да ги бојкотира претстојните локални избори.

Централниот одбор на партијата на синоќешниот состанок ја потврди таквата одлука.

– Ние немаме намера да функционираме под ултиматум. Нашата одлука е недвосмислена. Без политички договор за излез од кризата која подразбира и обновување на легитимитетот на институциите, ние на локалните избори нема да учествуваме, изјави за Радио Слободна Европа, генералниот секретар на СДСМ Андреј Петров.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1