Од март 2010 година, СЗО предупредува дека во некои делови од светот секој четврти случај на туберкулоза е “болест која не може да се третира со стандардни лекови”.
Една од 22-те “високо ризични земји”, во кои најмногу владее оваа болест е и’ Јужна Африка, на која и припаѓаат 80 отсто од случаите во светот. Од Јужна Африка пристигнуваат извештаи дека низ болниците “владее“ бактериска инфекција на белите дробови и зафаќа се поголем број од пациентите.
Докторот Уивистра Наиду, кој ги лечи заболените од туберкулоза во една јужноафриканска болница, се заразил од бактеријата што е отпорна на лекови при контактот со пациентите и успеал да преживее дури по макотрпното тригодишно лекување, благодарејќи на третманот со коктели од јаки лекови, со нус појави опасни за животот.
“Ако болеста не ве убие, лековите ќе го сторат тоа. На мене ми требаа три години да се излекувам, но повеќето пациенти немаат толку време“, вели докторот.