Нема воз – железничарот заглавил во ВЦ


Патниците во возот кој се движел на линија од Херефорд до Лондон, биле принудени да чекаат повеќе од еден час, бидејќи Железничарот одговорен за сигнализација се „заглавил“ во тоалетот.


vozПатниците морале да се стрпат се додека не била одглавена вратата на тоалетот. Железничарот го напуштил работното место, затоа што морал да оди до тоалет, но бравата на вратата на тоалетот се расипала.

Машиновозачот на возот морал да го запре возот поради тоа што не добил одговор преку радиостаницата. Британскиот печат наведува дека колегите успеале да го ослободат железничарот, откако со хебла ја отвориле вратата.

Раководството на железницата како причина за каснењето навеле дека станува збор за проблеми со сигнализацијата, но патниците подоцна ја објавиле вистината преку форуми на интернет. Железницата упатила извинување поради инцидентот, а вината ја префрлиле на лошата и стара градба на железницата.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1