Полицаец одбил да му помогне на бездомник – тој починал, а полицецот е на суд


Откако ги загубил прстите како резултат на дванаесет часа поминати на температури под нулата, рускиот државјанин Виталиј Седухински починал од згрутчување на крвта во руска болница. Полицаецот кој требало да му помогне, одбил да ја исполни својата должност, по што сега се соочува со петгодишна затворска казна.

novosti-ramil-ria-sitdikov.nИнцидентот се случил кон крајот на минатата година, кога 28 годишниот Виталиј Седухински, во обид да излезе од автобусот, вратата му ја фатила едната рака. Виталиј кој во автобусот бил со неговата мајка, имал проблем со говорот. Неспособен да комуницура, тој бил влечен некое време, пред конечно да биде пуштен на следната станица. Изгубен и збунет бил забележан од страна на една жена која повикала полиција да му помогне.

Службеникот кој одговорил на повикот, одбил да ја изврши својата должности и едноставно одлучил да не помогне. Како резултат на тоа Седухински останал речиси десетина часа на температура на четириесет степени под нулата, а на 10 декември бил примен во болница каде што прстите му бие ампутирани. На 8 јануари починал поради згрутчуање на крвта во мозокот.
Поради неуспехот на полицаецот да се надоврзе на итниот телефонски повик, тој бил обвинет за небрежност што резуртирало со смрт на еден човек, и по член 125 од Кривичниот закон, добил максимална казна од пет години затвор.

screenshot-youtube-user-victor3310Полицијата се обидувала да го одбрани својот вработен говорејќи дека деведесет проценти од ваквите телефонски повици, биле направени поради шега на одделни субјекти. Понатамошната истрага е во тек. Детективите гледаат уште еден пропуст кај полицијата, поради тоа што откако мајката се симнала од автобусот, таа веднаш го пријавила случајот во полиција и побарала во друга полициска станица да се организира потрага по него. Од таму го игнорирале барањето за потрагата за лицето со хендикеп одговарајќи дека случајот немал криминална основа. Властите исто така вложуваат напори да дознаат кој возач на автобус бил одговорен за предвременото затварање на вратата.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1