Како што пишува весникот „Вест“, искршени се вц шољи, чешми, столчиња, ишарани се ѕидовите а искршен е и прозор од базенот Младост
Симпатизери на Демократската партија на Албанците ја демолирале салата Борис Трајковски во Скопје, каде викендов имаа промоција на скопските кандидати за градоначалници, објавува „Вест“. Како што пишува весникот, искршени се вц шољи, чешми, столчиња, ишарани се ѕидовите а искршен е и прозор од базенот Младост.
Информацијата за Вест ја потврдил и Ратко Капушевски, директор на СЦ Борис Трајковски, кој за Вест потврдил дека има голема штета и дека е направен записник кој го потпишал и пратеникот и кандидат на ДПА Беким Фазлиу. Тој за Вест не сакал да ги коментира случувањата.