Во Хрватска ако си домашен една цена ако си странец цалензи дупло


Граѓанка од Хрватска на 25 години заминала да живее во Германија, во Дизелдорф, каде што се омажила. Кога дошла на одмор на Јадранско море се изненадила од гостопримливоста.
Летово со нејзиното семејство отпатувале во местото Црквеница. Пронашле апартман и претходно по теелфон договориле цена со сопственикот.
Точната цена ја договорила жената, која со него разговарала на хрватски. Но, кога пристигнала пред апартманот со автомобилот со германски регистарски таблички, сопственикот на апартманот рекол – ааа вие сте германци – па не е веќе таа цена – и им побарал дополнителни 15 евра, сметајќи дека на Германците цената нема да им биде проблем, како што тоа е случај со Хрватите.

Слична судбина на семејството ги снашла и при купувањето на сладолед. Додека траела нивната прошетка, семејството сакало да се освежи. Најпрво мајката со едното дете на хрватски бара и купува сладолед. Сладоледџијата го продава сладоледот за осум куни. На неколку чекори зад неа се приближува и нејзиниот сопруг, Германецот. Веднаш цената на сладоледот рапидно пораснува на 15 куни.

Сега прашањето е како Хрватицата, ќе му ја објасни на својот сопруг разликата во цената на сладоледот, а уште поголемо е прашањето дали и како, со ваквите трговци од Црквенице, но и со слични како него ќе се позанимаваат надлежните инспекции.

Tags: , , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1