Препукувања и закани – сопругата на Љубе Бошковски добила смс од Ивчева


По денешната прес конференција на која Наталија Ивчева од Обединети за Македонија, партија чии лидер довчера беше Љубе Бошковски, најави дека партијата згаснува а членовите одат во ВМРО-ДПМНЕ, настана вистинска преписка и меѓусебни обвинувања меѓу неа и сопругата на Бошковски, Виолета.

По прес конференцијата Бошковска постави прашање до Ивчева – каде ќе ги троши 100 000 евра од ВМРО – ДПМНЕ, алудирајќи дека и биле дадени за трансферот.

Попладенво ударот го вратила Ивчева, објавува а1он. Според порталот сопругата на Љубе Бошкоски, добила заканувачки пораки.

Во првата Ивчева одговара на прашањето на што ќе ги потроши парите.

„Ќе ги потрошам за да ве уништам, сега си заслужи, се што имам документи за Љубе да ги обелоденам. Господ да ви е на помош“.

Во втората порака се вели

„А заборавив, дебело ќе платиш, сега зборев, очекувај кривична за клевета и лага“.

Бошкоска тврди дека има докази дека бројот на мобилниот и припаѓа на Наталија Ивчева, пишува а1он.

Фото – а1он.мк

Share Button

Tags: , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1