Попис – 10 најжестоки освети на изневерени – Видео/Фото


Прекинот на врската може да заврши на мирен начин, но може и со освета. Во тоа дека скршеното срце може да боли повеќе од која било друга физичка болка се увериле голем број луѓе.

Во прилог на ваквото тврдење ви ги претставуваме најлудите освети на поранешните партнери.

Кастрирање  

Голем број на луѓе сакаат да го прекинат сите врски со своите поранешни партнери, но се случува некои од нив ваквото нешто да не го примат баш најдобро. Таква вест не можела да прифати ниту 48 годишата Кетрин Киеу, која подготвила „специјална“ вечера за својот сопруг, по што мажот се онесвестил, а Кетрин му го откинала интимниот дел од телото со нож.

Потоа и кажала на полицијата дека нејзиниот сопруг тоа и го заслужил, по поднесеното барање за развод. Несреќниот сопруг веднаш бил префрлен во болница, каде што бл подложен на итна операција.

Керин била обвинета за нанесување на тешки телесни повреди, напад со смртоносно оружје, давање на лек со намера да стори кривично дело труење и насилство во бракот. Лекција, никогаш не и доаѓај на гневна жена на вечера.

Во Кина пред неколку години маж беше итно примен во болница – му бил отсечен половиот орган. Додека мажот викал од болка, по него одела неговата сопруга мртва ладна и носела тегличка во рацете – ја носела неговата машкост да му ја сошијат.

По успешната операција новинарите го интервјуирале и тој изјавил дека воошто не и се лути на сопругата и дека била во право не смеел да ја изневерува – сопругата пак кажала само две реченици – сега знам дека нема повторно да го направи тоа. Кога ја прашале како е сигурна бидејќи операцијата била успешна и тој би бил во состојба повторно да изневерува – жената смирено рекла ,, му реков дека нареднииот пат ќе заборавам да ја понесам тегличката во болница,, Мажот не сакал да ја тужи жената но сепак полицијата и поднела пријава за нанесување тешки телесни повреди.

Слатко спиј душо
Осветољубива девојка и паднало на памет да постави 30 стапици а глувци во собата на своето поранешно момче, а потоа го разбудила викајќи му дека некои му го краде камионот. Поради тоа што сликата вреди 1000 зборови ви препорачуваме сами да погледнете што се случува со дечкото кој што веднаш скокнува од креветот.

Кога сите ќе се најдат на едно место

Ако си играте со една жена, можете да се изгорите. Но ако си играте со четири во исто време, нема да завршите многу добро. Лошо завршил едно момче од Висконсин. Имено сите негови љубовици му поставиле замка. Жените беа толку бесни што го врзале за кревет, му ги заврзале очите, му ја искинале целата облека со ножици и му го залепиле интимниот дел од телото. Откако го напуштиле местото, момчето успеало да се ослободи и да контактира со полицијата. Според извештајот, страшната четворка биле неговите две девојки, сестрата на една од нив и неговата жена.

Кога тогаш ќе се дознае

Љубовта е непроценлива, а оваа освета едно момче го чинела 250,000 долари. Еден од советниците на американскиот претседател Барак Обама го снашло нешто што ниту еден неверник не би сакал да го снајде.

Имено неговата љубовница, по целиот град ставила плакати од нејзе и успешниот советник, откако слушнала дека сакал да се смири со неговата сопруга. „Ти си мојата сродна душа засекогаш“, пишувало на плакатот. Нејзината освета сигурно ја постигнала целта, поради тоа што советникот потоа бил приморан да ја признае пред целата јавност осумгодишната афера.

Таму кај што најмногу боли

Луѓето се врзуваат за своите љубмци толку многу што понекогаш се чини дека не можат да живеат без нив. Тоа одлучил да го искористи Рајан Обрајан, кој што љубимецот на неговата девојка, хрчак, го фрлал во ѕидот, го газел под нозете и му го дал на своето куче да го изеде. Според судските документи Обрајан ја посетил својата поранешна девојка со цел да ги собере своите работи, па попат се одлучил и да се подзабавува со куќниот љубимец на својата девојка. Едниот грубо го убил, а за другите два побарал откупнина. Девојката го платила бараното, а Обрајан е уапсен за нанесување на непотребно патење на животното.

Никогаш не го изневерувај мајсторот за тетоважи, ама никогаш!

Откако дознал дека неговата девојка го мамела, еден уметник за тетоважи на својата поранешна девојка и истетовирал ИЗМЕТ на нејзиниот грб, наместо тетоважата која што таа ја побарала. Сепак ваквата сцена скапо го чинела момчето, кое пак било тужено од страна на девојката и сега треба да и плати оштета од 100,000 долари. Парите, девојката ќе ги искористи за ласерско отстранување на тетоважата.

Никогаш не се снимајте

Парис Хилтон, Памела Андерсон, Ким Кардашиан и Северина, сите овие личности ја развеселуваа јавноста со своите „филмчиња“. Тоа се случило и на една девојка која откако нејзиниот поранешен дечко снимката од нивниот секс ја ставил на јутјуб. Според судскит документи, на Мишел Севел по двегодишна врска, девојката му раскинала, па се одлучил да и се освети. На полицијата и признал дека со објавената снимка сакал да ја посрамоти неговата поранешна девојка. На крајот го извлекол подебелиот крај. Тужен е поради објавување на видеа и фотографии.
Лекција: Потрудете се оние работи кои што ги работите меѓу четирите ѕидови и да останат таму.

Ех да не беше Фејсбук

Друштвените социјални интерен мрежи овозможуваат размена на информации и фотографии на сите корисници. Токму тоа го искористил и Рони Ушманов кој што откако неговата девојка го напуштила, одлучил да ги објави сите фотографии од нејзе на Фејсбук. Ова и не би претставувал некој проблем доколку на некои од нив девојката не е целосно гола, а на некои ги покажува и своите интимни делови. Осветољубивиот дечко на полицијата и пренел дека тоа го сторил поради болката која што му ја нанела. Ушманов е осуден на шест месеци затвор.

На ја мами жената која што сака спорт!

Навивачите се познати по своите реквизити, знамиња и транспаренти со кои му даваат поддршка на својот тим. Тоа го искористила и Ани Вангер која што на еден натпревар држела знак на кој што пишувало: Дечкото кој што ме мамеше, сега натпреварот го следи на кауч.

Во продолжение неколку фотографии од одмаздата на изневерените

Share Button

Tags: , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1