Неколку трикови како да излезете накрај со тесни чевли


Таман се подготвувате да излезете, и одеднаш сваќате дека вашите нови чевли се премногу тесни за да можете да поминете во нив цела вечер.tight+shoes

Ви се чини дека кога сте ги купиле не ви биле толку мали, а сега сваќате дека ќе ви биде тешко да издржите цела вечер со нив. Доколку немате време да ги однесете кај чевлар, еве што можете да сторите.
Алкохол – Измешајте еднаква количина на вода и алкохол и потоа напрскајте ја внатрешноста на чевлите и истрљајте ги. Потоа навлечете дебели чорапи и половина час шетајте по собата во чевлите.
Фен – Со фенот грејте ги чевлите околу една минута за да омекне кожата, па преку дебели чорапи облечете ги и шетајте низ домот додека чевлите не се оладат. Овој совет важи само за кожните чевли.
Замрзнувач – Наместо греење можете да примените и ладење. Земете ќеса наполнете ја со вода и ставете ја во чевлите. Потоа чевлите ставете ги во замрзнувач. Водата ќе се смрзне и на тој начин ќе ги рашири чевлите.
Компир – Излупете го компирот со средна големина и ставете го во чевелот, па остајте го да опстои една вечер. Во утринските часови чевлите ќе ви бидат пошироки и повеќе удобни за носење.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1