Малдивите ќе станат првата држава биосферен резерват


Многу држави на планетата вложуваат силни напори за да ја зачуваат разновидноста на флората и фауната. Малдивите отидоа уште подалеку. Тамошните власти уверуваат дека за четири години, ќе ја претворат целата земја во првиот биосферен резерват од светско значење. Тоа ќе помогне да се зачува природната разновидност на архипелагот, и да бидат решени ред други важни и актуелни проблеми.

Малдивите ќе станат држава резерват

Распространета на коралните острови во Индискиот Океан, Малдивската република планира до 2017 година да станат првиот светски биосферен резерват. Тоа го соопшти претседателот Мухаме Вахид Хасан Манику на пленарната сесија на ОН по прашањата од одржливиот развој „Рио +20“.

maldivi2„Денеска сакам да најавам дека наскоро Малдивските острови ќе станат првата држава – природен резерват. Набрзо ќе го обелодениме проектот, за пет години. Малдивите ќе бидат единствени по својот вид и најголемиот морски резерват на светот со одржлив и еколошки нештетен риболов“, рече претседателот.

Само еден ден пред неговата објава, Австралија најави проект за најголем морски резерват на светот. Создавањето на глобален биосферен резерват во гранциите на една држава, е одговорот на Мадивите на ОН за остварување на ефикасни мерки за „целите од Аичи“ – план за зачувување на биоразновидноста до 2020 година.

Според Мариам Шакила, министерот за природна средина и енергетика на државата, до 2017 година територијата и акватериторијата на Мадливите ќе добијат статус на биосферен резерват од УНЕСКО, а поддршката од државната за зачувување на тамошната уникатна природа ќе гарантира раст на „зелената“ економија и висок стандард за секој граѓанин на Малдивите.

Планот за создавање на резерватот беше потпишан од Владата во јануари оваа година. До 2017 година, властите предвидуваат да разработат конкретни стапки за негово остварување. Малдивите се простираат на 1192 острови и за секој од нив програмата ќе се реализира етапно, со оглед на локалната специфика. Претседателот Вахид посочи дека заштитата на резерватот ќе вклучува построга забрана за неконтролираниот риболов, и ограничувања за длабинскиот лов.

 

102796809„Создавањето на биосферен резерват на Малдивите е исклучителен проект и по својата карактеристика и по својот потенцијалн оддек. Очекуваме таквиот чекор да инспирира и други држави, вклучително и спонзори, но и на државите во развој распространети на мали острови, а при тоа да се вложат повеќе напори за остварување на „целите од Аичи“, објаснува Браулио Фереира де Соуза Диаса, извршен секретар на конвенцијата за зачувување на биоразновидноста.

Островската држава Малдиви се наоѓа на 700 километри југозападно од Шри Ланка, во Индиискиот Океан. Претставува две вериги на острови, опкружена со корални гребени. Минатата година, архипелагот бил посетен од 66.3000 руски граѓани, што е повеќе од 63.900 во 2011, и 49.000 во 2010 година. Како што стојат работите, одморот на тие острови е посакуван од мнозиина Руси. Тие не треба претходно да вадат визи – по пристигнувањето, тие ги добиваат визите на аеродромот.

Од неодамна, Малдивските острови се соочија со еден проблем поврзан со глобалното затоплување. Експертите велат дека нивото на океанот покрај архипелагот го покачило нивото, па во следните 200 години островите можеби сосема ќе бидат потопени. Токму затоа, властите се обидуваат ефикасно да преземат заштитни мерки.

Државната власт е загрижена за состојбата со природната околина

Малдивскиот претседател на форумот на ОН наброи редица еколошки проблеми кои ги засегаат сите држави во светот, и го подвлече значењето на мерките за зачувување на животната средина. Шефот на државата како пример го посочи создавањето на резерватот Атолот Баа, кој е под патронажа на Унеско.

maldivi

Повеќето Малдивски острови се малку над нивото на морето и државата инвестира огромни средства за разни технолошки решенија за овој проблем. Со оглед на постојаната закана од покачување на нивото на морето, кабинетот предложил амбициозен план за изградба на серија пливачки острови.

Мухамед Вахид информираше дека водени од грижата за велелепните екосистеми на Малдивите и за природата во целина, властите подготвувиле мерки за намалување на емисиите на јаглерод диоксид во атмосферата. Претседателот разгледал и неколку уникатни еколошки проблеми, специфични за Малдивските острови. Тој истакна дека државата целосно ги спроведува принципите од документот „Дневен ред 21“, донесен на конференцијата Рио +20.

Развивајќи применливи технологии, Малдивите постигнаа импресивен успех и покрај уште две држави, беа исклучени од списокот на ОН на загрозени држави. Малдивската економија, чија основа се туризмот и риболовот, бележат импресивен раст.

266501_maldivi-04_fТуристичкиот сектор од економијата, беспрекорно заслужува да се нарече успешен, бидејќи државата води грижа за неповторливите корални гребени, за богатата и разновидна морска фауна, а располага и со прекрасни плантажи, истакна престедателот Вахид.

Што се однесува до риболовот, за разлика од другите држави, Малдивите спроведуваат строги методи со кои не се нарушува морскиот екосистем – не се загадува морската средина и не се уништува рибниот фонд, потенцираше шефот на државата.

Малдивскиот резерват атолот Баа

Со указ на УНЕСКО од 23 април 2012, атолот Баа беше прогласен за биосферен резерват од светско значење. Со тоа, организацијата ја призна тамошната локална околина како уникатна. Тој почесен статус е доказ и за значајниот придонес на сите малдивски одморалишта, и за месното население за зачувувањето на неповторливата екоразновидност на Малдивите.

И не станува збор за празни приказни. Одморалиштето Ријт бич, на атолот Баа, е пример за слично решение за зачувување на природната околина на островите – таму разработиле проект за рециклирање на стари акумулатори и батерии. Одморалиштето прави се што е можно за да ги сведе на минимум штетите од човечкото однесување кон природата. Неопходно било да се пронајдат патишта за поефикасно селектирање на отпадоците, при што се одделуваат старите батерии кои се користеле во огромни количини од туристите.

266505_maldivi-08_fВработените во одморалиштето барале ефикасен начин за преработка на искористените батерии. Прво ги испраќале во Индија, на Шри Ланка или во Сингапур, затоа што островите немале инсталација за рециклирање на таков отпад. Резултатите сепак не биле задоволителни. Тогаш, од Ријти бич предложиле оригинално решение. Властите на островот при заминувањето на секој турист ги замолило во својот багаж да стават по неколку батерии кои во Европа лесно и бесопасно можат да се рециклираат. По започнувањето на таквата програма, европските туристи за еден месец од одморалиштето изнеле 100 килограми искористени батерии. Така туристите, летувајќи на Малдивите, можат и самите да придонесат за зачувување на природната околина.

Но тоа не е се. Хотелот Атланта Киавах Вилас, кој се наоѓа на атолот Баа, на туристите им предлага специјална програма за зачувување на коралите. Гостите на хотелот се поканети да учествуваат во изградбата на подморски корален гребен. Туристите можат да си купат (за сто или 200 долари) своја сопствена „парцела“. Штом Малдивите ќе добијат статус на држава резерват, одморот на тие острови ќе биде не само задоволство за душата и телото, туку и безопасен за здравјето – одејќи на еколошки чиста територија

Mia

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1