Македонски навивачи вмешани во масовна тепачка во Дортмунд


Група македонски навивачи синоќа учествувала во инцидент пред аеродромот во германскиот град Дортмунд, каде што пристигнале како гости на навивачката група на фудбалскиот клуб „Шалке“ од Гелзенкирхен.

navivaci-652Според информации на полицијата, македонските заедно со навивачите на „Шалке“, околу 21 часот, веднаш по излегувањето од аеродромската зграда, се соочиле со ривалска група навивачи на Борусија Дортмунд. Дошло до масовна тепачка во која учествувале околу 120 навивачи од двете страни. Хулиганите фрлале и со камења, а малубројната аеродромска полиција не можела да го спречи инцидентот.

По интервенција на полициски сили од градот Дортмунд, кои употребиле и солзавец, состојбата се смирила, објави Дојче Веле.

Од полицијата во Дортмунд утрово изјавиле дека во инцидентот немало повредени, ниту уапсени, но според билтенот предизвикана е материјална штета врз неколку возила на паркингот на аеродромот во Дортмунд.

Македонските навивачи во Германија пристигнале на покана на навивачите на Шалке, најверојатно како нивни гости на мечот. Засега нема информации дали навивачите од Македонија се припадници на некоја навивачка група од земјата.

Ланското дерби меѓу Борусија и Шалке мина со серија инциденти меѓу навивачите. Меѓу вмешаните во инцидентот, објави Дојче Веле, најголемиот дел биле од Македонија и од Гелзенкирхен.

Викендов во германската Бундеслига се игра локалното дерби меѓу Шалке и Борусија Дортмунд во Гелзенкирхен. Ривалитетот меѓу двата клуба и двете навивачки групи е огромен, а неретко се случуваат инциденти пред, за време и по натпреварите.

КРВ И МОДРИЦИ – ПРЕТЕПАНА НОВИНАРСКА ЕКИПА ПОРАДИ ВЕСТА ЗА СМРТТА НА ЧАВЕЗ (ВИДЕО)
ПОВТОРНО КАМЕНУВАН АВТОБУС НА ЈСП – ПОВРЕДЕНИ ДВЕ МАЛОЛЕТНИЧКИ
ОТВОРИ СЕ ЗЕМЈО: ДУПКИ НИЗ ЦЕЛАТА ЗЕМЈА – СИТЕ ОКРУГЛИ КАКО БУШЕНИ – ДАЛИ Е ХААРП?
ТОРИЈА НА ЗАГОВОР – ДАЛИ Е СЛУЧАЈНО ШТО ДУРИ 7 ЈУЖНОАМЕРИКАНСКИ ЛИДЕРИ СЕ БОЛНИ ОД РАК?
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1