Канонада од камења полета вчера кон припадниците на МВР по завршувањето на фудбалскиот натпревар меѓу Пелистер и Вардар во Битола.
При полициската интервенција, соопшти денеска МВР, насилната група е разбиена, а се приведени осум лица од кои четири се малолетни.
За време на каменувањето, четири полициски службеници се пожалиле на повреди здобиени од ударите.