Среќен 8 март – денот на силната жена!


8 martОсми март е денот кога се одбележува борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите. Идејата за посебен ден посветен на жените потекнува од почетокот на 20-от век, а на неа посебно инсистирало социјалистичкото движење.

Првиот Ден на жената е одбележан на 28 февруари 1909 година во САД по иницијатива на Социјалистичката партија на Америка.

Во 1910 под закрила на Втората интернационала во Копенхаген е одржана

Првата меѓународна конференција на жените и на неа е одлучено да се прославува Меѓународен ден на жената, но без да биде утврден точен датум.

53c1a58af7a4c7bf4bb947cf2f8adb21_1_orig

Следната година, на 19 март 1911, овој празник по прв пат е прославен од страна на повеќе од милион луѓе во Австрија, Данска, Германија и Швајцарија.

На 8 март 1913 година жените ширум Европа одржале мировни собири.

Демонстрации на работничките се оддржувале речиси во сите поголеми европски градови секоја година до 1915 година, а главно барање на тие маршеви било еворпските земји конечно да воведат универзално право на глас.

По победата на болшевиците во Русија, а по иницијатива на Александра Колонтај, 8 март по прв пат е прогласен за државен празник. Советска Русија беше прва држава која  8 март го одбележа со црвени букви на календарот во 1917 година, а неработен ден стана во 1965 година.

womens-dayimages

Историјатот на одбележувањето на Меѓународниот ден на жената е поврзан со името на Клара Цеткин (1857– 1933).

Родена на 5-ти јули 1857 г. во Видерау, Клара Цеткин дипломира на Женскиот колеџ за учители во Лајпциг. Уште за време на нејзините студии активно учествува во тогашното социјалистичко движење во Германија.

zetkin Поради своите активности принудена е да ја напушти Германија. Во 80-те години на XIX век, заедно со својот сопруг, рускиот комунист Осип Цеткин, живеат во Швајцарија, а потоа се преселуваат во Париз.

Во 1889 г. Клара Цеткин учествува на основачкото собрание на Втората Социјалистичка Интернационала, а веднаш потоа се враќа во Германија.

Во периодот од 1892 г. до 1917 г. живее и работи во Штудгарт каде го издава весникот Еднаквост.

Таа е една од основачите на Меѓународниот социјалистички женски конгрес чие основање се датира во 1907 година.

plaky_2_376_kl_501x0_0_15

Три години подоцна, во 1910 г. на Конгресот на Меѓународната конференција на жената одржан во Копенхаген, на предлог на Клара Цеткин, донесена е одлука за прогласување на Меѓународен ден на жената, без притоа да се прецизира неговиот датум.

Симболиката на овој празник требало да биде актуелизирање на барањата за подобрување на условите за работа на жените и квалитативно подобрување на нивниот социјално – политички статус во општеството.

Веќе наредната 1911 г. празникот на жената е одбележан на 19-ти март, а дури по револуцијата во Русија и победата на болшевиците, како Ден на жената е прогласен 8-ми март, датум на кој во 1917 година жените во Москва одржале големи антивоени демонстрации.

Што се однесува до понатамошната улога на Клара Цеткин во комунистичкото движење во Германија, нејзината активност била насочена во правец на подобрување на статусот на жените.

clara_zetkinПо започнувањето на Првата светска војна, Клара Цеткин активно учествува во антивоеното движење.

Таа во 1915 г. во Берн учествува во организирањето на Меѓународната женска конференција против Првата светска војна, а во 1916 г. е еден од основачите на Спарташката лига. На конгресот одржан од 30-ти декември 1918 до 1-ви јануари 1919 г. било решено Спарташката лига да прерасне во Комунистичка партија на Германија. Истата 1919 г. Клара Цеткин била избрана за член на ЦК на КП на Германија.

Во 1921 г. Клара Цеткин е избрана за член на Президиумот на Третата Интернационала. Тоа е една од причините да се пресели во Москва каде важела за близок соработник на Ленин.

Меѓутоа, по неговата смрт во 1924 г. и доаѓањето на Сталин на чело на СССР, влијанието на Клара Цеткин во Интернационалата и воопшто во женското работничко движење, постепено почнало да опаѓа.

Клара Цеткин умира на 20 јуни 1933 г. во градот Архангелск, СССР.

nimg_20110313_01_01

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1