Сакате да се смеете? – одете на ,,ЧЕКАЈЌИ ГО МИНИСТЕРОТ ,,


На 9ти Март 20ч во Универзалната сала ќе се случи ново спектакуларно шоу во организација на Stand Up Macedonia. Станува збор за шоуто “Чекајќи го Министерот” во изведба на младиот актер и станд ап комичар Бојан Велевски и неговиот колега актер Ефтим Трајчов Ѓаурски. Инаку тие буквално растурија на 02.02 во шоуто УМРИ МУШКИ каде го собраа најбурниот аплауз од двеилјадната публика.

cekajkji go ministerotСпоред зборовите на актерите кои се и автори на самото шоу “Чекајќи го Министерот” е спој од претстава, stand up и show, микс кој досега никој го нема направено во Македонија.

* “Ние самите сеуште трагаме по вистинскиот назив на овој правец на комедија кој го работиме. Додека го најдеме нека биде – ШОУ. Имаме свој стил, свој начин на работа, свој специфичен перформанс кој се базира на импровизација. Не постои класичен текст, имаме 10на теми кои се максимално актуелни во државата ги обработуваме сите детално, без влакна на јазикот, но сепак со стил.

Импровизацијата како форма е една од најтешките, ако не и најтешка за изведба. Но, ние одлично се разбираме и поддржуваме на сцена. Треба дрскост, храброст но и способност, да се одбере еден ваков пристап на работа и изведба, но тоа е нашиот перформанс ” – вели Бојан Велевски. Кој оддамна и е познат на македонската јавност како актер, а како комичар има зад себе над 50 настапи на домашна и 6 настапи на интернационална сцена.

umri muski* “Во Македонија не постои тандем. Секој работи сам за себе и во своето ќоше. Ние сфативме дека кај нас недостасува еден двоец од ваков тип, и сметаме дека за кратко време луѓето ќе се запознаат со нашиот стил, бидејќи е специфичен и оригинален. Паралелно со “Чекајќи го Министерот” работиме и на неколку концепти за ТВ Show програм, па ќе видиме што ќе излезе.

Како и да е, на Македонија сакаме да и дадаме нешто до сега го немала – тандем -, кој нема да се ограничи само на ваков тип сценски изведби, туку ќе се обиде да донесе еден поинаков, непосреден пристап и во телевизијата.” – додава Ефтим. Актер за кој допрва треба да чуе пошироката македонска публика.

Двајцата млади актери се сретнуваат во кабинетот на министерот за да бараат работа. Чекајќи го, разговараат на повеќе теми. Момците открија само неколку, меѓу кои : политика, корупција, (не)вработување, секс, “лижење” по министри, шефови, директори, итн итн…

Момци, подарете и го најубавиот подарок на жената за 8ми март – насмевка од 90 минути на нејзиното лице.

Карти во предпродажба во музичката продавница Пола Југотон ГТЦ 1 кат и онлајн преку Купи Карти За Се, во Сити Мол,Розе Веро два, Каса на Универзална сала по цена од 250 денари.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1