Британски научници развија тест што врз основа на анализа на примерок од крв овозможува откривање на Алцхајмерова болест во ран стадиум.
Новиот тест открива комбинација на крвни маркери кои се специфични за Алцхајмеровата болест, појаснуваат истражувачите од Универзитетот Нотингем.
Со оглед дека примената на тестот е брза и едноставна, се очекува дека ќе може да биде користен клинички.
Раното откривање на Алцхајмеровата болест може значително да ги унапреди изгледите за контрола на нејзина прогресија.
Истражувачите напоменуваат дека се неопходни темелни испитувања на новиот тест врз голем број испитаници, а негова широка примена може да се очекува за десетина години. нд/15:26