Ви чепка ли некој по куферите додека летате? Македонец останал без 2500 евра вредна кутија


Македонски државјанин патувал од Скопје за Дизелдорф, по слетувањето во Дизелдорф утврдил дека од багажот му недостасува вредниот предмет кој го носел како подарок за најблиските.

Како што објави Алфа се работело за украсна кутија со злато вредна 2500 евра, а настанот им го прераскажал пријател на лутиот патник.

На аеродормот во Дизелдорф човекот пријавил и биле прегледани снимките од безбедносните камери. На нив наводно никој не го чепкал куферот на патникот. Пота се јавиле на аеродромот Александар Велики каде на одговор чекале повеќе од една недела. И таму им кажале дека на снимките нема ништо сомнително.

И двата аеродрома креваат раце, а човекот останал без вредната кутија. Тој најавува дека ќе поднесе тужба.

Според правилата на аеродромите низ целиот свет – тешко дека ќе докаже дека во неговиот куфер воопшто имало таква вредна кутија. Второ сите авиокомпании во правилникот јасно имаат посочено – вредни предмети да не се оставаат во куферот или барем да се пријават, бидејќи тие нема да сносат одговорност за нив доколку не е соодветно пријавено.

На несреќниот патник му останува само да се лути и да внимава во иднина. Но оваа приказна може да е поука – внимаајте што оставате во куферите – лепливите прсти на некои од вработните аеродромите во светот некогаш може да се фатат токму за вашиот куфер.  Вакви случаи има буквално на сите аеродроми и во Европа и во Америка.

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1