Во судар на два моторцикли едно лице го изгуби животот а три други се повредени. Несреќата се случила синоќа околу 20 часот и 30 минути на улицата „Борис Кидрич“ во Тетово.
Портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски изјави дека еден од возачите на мотор на возраст од 24 години добил тешки повреди и веднаш со возило на Брзата помош бил префрлен во тетовската клиничка болница, но поради тежината на повредите починал.
Во несреќата со повреди се здобиле и двајца случајни минувачи – еден маж и една жена. Истрагата за несреќата е во тек и се утвдуваат причините.










