Во Јапонија се одбележуваат две години од земјотресот и цунамито кое предизвика оштетување на нуклеарната електрана Фукушима и предизвика една од најголемите катастрофи во светот. Додека луѓето бегаа од Фукушима и оставаа празни домови зад себе, еден човек одлучи да остане.
Наото Матсумура кој одгледувал ориз, сигурно е најтврдоглавиот човек во Јапонија, кои во очи на хаваријата одлучи да остане во градот Тамиока во близина Фукушима.
-Се родив, пораснав и ќе умрам во Тамиоки- изјави Наото.
Поради тоа што јадел месо, зелечнкук и контаминирана риба, неговото тело е озрачено 17 пати повеќе од дозволеното ниво. Поради ова одредени научни установи во Јапонија сакаат да извршат тестирања врз него.
Иако го советувале да не јаде од локалните намирници и да не пие вода која е контаминирана, тој не ги послушал и продолжил да живее како и порано.
Иако по катастрофата избегал заедно со својата фамилија, тој набрзо се вратил во родниот крај и од тогаш не сака да оди.