Научници од Британската академија за звучна терапија откриле песна за која велат го опушта телото и повеќе отколку една масажа.
Оваа осум минутна мелодија со наслов “Weightless” на британскиот бенд Marconi Union е до толку блага и веднаш го опушта телото до тој степен што дури научниците предупредуваат дека не би требало да се слуша додека возите.
До резултатите дошле со испитување на 40 жени од кои дури 65 насто биле помалку нервозни по слушањето на оваа песна. Магазинот Time по ова истражување ја стави веднаш песната на листата ТОП ОТКРИТИЈА
Па еве да ве опуштиме во ова саботно попладне – повелете слушнете ја песната и опуштете се исто како да сте на масажа 🙂