Авион со 170 патници за Македонија меѓу кои и деца заглавен во Милано


На аеродромот „Александар Велики“ добиле известување од „Виз ер“ дека патниците ќе дојдат во Скопје преку Верона во 11:10 часот, но дел од патниците јавиле дека се уште се на аеродромот во Милано

viz airОколу 170 патници, меѓу кои и деца, останале заглавени на аеродромот во Милано откако утрово бил откажан летот со кој требало да пристинат во Скопје. Авионот, кој требало да полета во 8:40 часот, останал на пистата поради лошото време и снежните наноси.

На аеродромот „Александар Велики“ добиле известување од „Виз ер“ дека патниците ќе дојдат во Скопје преку Верона во 11:10 часот, но дел од патниците јавиле дека се уште се на аеродромот во Милано

На дел од патниците им била понудена можност да се вратат со автобус, но понудата важела само за тие што патувале преку туристички агенции. Останатите патници биле оставени да се снаоѓаат сами со тоа што ќе им се рефундираат дел од парите за билетот или да се вратат преку Тревизо со редовните линии во среда и во петок

Прес 24

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1