Даниел – пејачот на евровизиската ,,Џули,, е социјален случај (Видео)


Пејачот, кој на Евровизија 1983 година ја претставуваше поранешна Југославија со мегахитот „Џули“ во интервју за една хрватска емисија проговори за новиот албум кој наскоро ќе излезе на пазарот, но и за приватниот живот.

Даниел Поповиќ е роден во Црна Гора, а неговото вистинско име е Милан Поповиќ. Тој досега се женел четири пати, а моментално со сопругата Александра, со која е осум години во брак, и нејзината ќерка живее во Љубљана.

danijel-popovic– Кој има пари тој царува. Се се врти околу парите. Денеска љубов не можеш да добиеш со трепкање со очињата. Мислам дека Александра не е задоволна со мене. Маж во една врска мора да биде столб на секое семејство, тоа во мојот живот се промени – сега таа е онаа која ја има „онаа работа меѓу нозете“, ајде така некако да речеме.

Се најдов во таква ситуација, не можеш никаде да отидеш, затоа што за тоа ти требаат пари, не моќеш да си го видиш детето за кое плаќаш алиментација. Мајка ми почина, не можев на гроб да отидам, татко ми почина не можев на гроб да отидам, и тетка ми почина неодамна во Белгија и не можев да отидам на гроб. За се треба да имате пари, изјавил Даниел Поповиќ за In Magazin.
Тој во интервјуто открил дека после десет години пауза издава нов албум. Музиката и текстовите се негови. Се пожалил и дека веке десет години не добива пари од авторски права и залкучил дека тој сега, всушност е социјален случај.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1