Клучниот човек на НАСА, Чарлс Болден вели дека не постои начин да се бориме против огромен астероид кој би се движел кон земјтата – се што тогаш можеме да направиме е само да се молиме, вели тој.
“Тоа е отприлика се’ што САД, а и остатокот од светот имаат на располагање против астероидите и кометите кои би можеле да удрат во Земјата“, рекол Болден пред членовите на Одборот за наука при претставничкиот дом на САД.
Коментирајќи го ударот на метеори во Челјабинската област во Русија, во кои беа уништени над три илјади домови, а илјада и петсто луѓе беа повредни. За ова вели
,, Овие настани се доказ дека живееме во активен сончев систем во кој нашето соседство преку потенцијално опасни објекти е изложено на различни опасностои”
НАСА следи околу 95 отсто од вселенските објекти и доколку еден од нив, со дијаметар од еден километар ја погоди Земјата тогаш би била уништена целата цивилизација. Меѓутоа досега се откриени само десет отсто од потенцијалните десет илјади мали астероиди со голема од околу педесет метри во дијаметар кои се познати како “убијци на градови“.
“Според достапните инфорамции, ние не знаеме дали некој астероид и се заканува на Америка…Но , ако го откриеме и утврдиме дека ќе удри во Земјата за само три недели…тогаш можеме само да се молиме“, рекол Болден од НАСА.