Бил роден во 1895, во руско селско семејство. За време на Втората Светска Војна служел за армијата и бил признат од страна на Сталин за неговите убиства и мачења. Во периодот, тајната полиција на Русија станала глава на земјата. Тие примале наредби директно од Сталин. Во овој период, Васили бил командант на затворот. Тој извршувал убиства и претходно, но најмногу од нив извршил за време на крвавиот катинов масакр.
Во 1939, две недели откако Германија ја нападнала Полска, советските сили влегле во источниот дел од Полска. Иско официјално не прогласиле војна, тие заробиле 20 000 полски офицери и ги затвориле во затворски кампови. На 5 март во 1940, Сталин наредил убивање на сите офицери, кои подоцна биле закопани во масовни гробишта.
Во период од 28 дена, Васили лично извршил 7000 од порачаните убиства во Катин. Убиствата биле извршувани од зајдисонце до зората бидејќи Васили сакал да работи ноќе. Тој работел речиси без прекини секоја ноќ, убивајќи еден затвореник на секои 3 минути, односно 300 во една ноќ.
Пред да бидат убиени, офицерите потпишувале документи за идентификација. Потоа, тие биле носени во мала соба додека рацете им биле врзани. Собата била со ѕидови кои не пропуштаат звук. Убиецот ги принудувал да седнат на колениците и стрелал во позадината на нивната глава, со што ги убивал инстантно. Телото се извлекувало од собата и веднаш следувала нова жртва.
На 27 април, 1940, Васили бил награден за неговата прекрасно извршена работа во армијата за да се прикријат убиствата кои биле извршени тајно. Тој не доживеал да ги види своите дела признаени. Веднаш по смртта на Сталин во 1953, тој бил принуден да се пензионира. Набргу започнал да конзумира големи количини на алкохол и го изгубил разумот, што било следено од неговата смрт во 1955. Официјално, тој извршил самоубиство. Освен за 7000 затвореници во Катин, Васили бил директно одговорен за смртта на илјадници други луѓе во затворските кампови за време на Втората Светска Војна.
Fakulteti.mk