Русин ископал тунел преку кој незаконски се поврзал на нафтоводот Омск-Иркутск во Сибир, истекувајќи 30 тони нафта пред да биде откриен, соопшти руското министрство за внатрешни работи во реонот на Новосибирск.
Мажот (52) ископал 60-метарски тунел од својот имот до нафтоводот во реонот на Мошково, на 60 километри североисточно од Новосибирск, наведува министерството.
За три месеци мажот успеал да украде околу 30 тони нафта, предизвикувајќи штета од 12.500 евра.
Според руските медиуми крадецот, кој работел во транспортна компанија, тунелот го ископал за 3 години работејќи ноќе и во неработни денови.