Невидена тепачка: Навивачи во терен, претепани фудбалери и гледачи на мечот Шкупи-Башкими


Невиден хорор од натпревар, инцидент од огромни размери, навивачи влегоа во терен и нападнаа се што не беше од Чаир на мечот меѓу Слога Југомагнат или Шкупи по ново на средбата со Башкими од Куманово.

fudbal skupiЧаирчани го загубија натпреварот во борбата за првото место во Третата лига Север, но тоа е помалку важно, се паѓа во втор план поради инцидентот. Навивачите на Шкупи ги нападнаа фудбалерите и навивачите на Башкими кои беа околу стотина на стадионот, неколкумина од нив паднаа во бесознание од силните и бројни удари, брутално претепување се случи во Чаир.

Навивачите на Шкупи во пирот ги претепаа и навивачите и фудбалерите, повредени имаше и играчи и навивачи. Претепаните со возила на брза помош беа пренесувани во болничките установи во Скопје, а полицијата која интервенираше повеќе од два часа не можеше да ја нормализира состојбата во Чаир.

Таков линч како денешниот во Чаир одамна се нема видено на фудбалските терени

Повеќе на – Спорт арена 

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1